Предложените измени, всушност, се мерките за продавниците, самопослугите, маркетите, пекарниците, дуќаните, кои беа воведени со Уредбата со законска сила за време на вонредната состојба
Во продавниците на мало може истовремено да пазарува најмногу по едно лице на површина од секои 10 квадратни метри, а во објектите помали од 10 квадратни метри, може да пазарува само едно лице.
Сопствениците се должни да воспостават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите, да обезбедат редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу купувачите, да обезбедат дезинфекција за раце при влез во објектот, да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и да обезбедат заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените.
Ова го предвидува предлог-законот за дополнување на Законот за трговија со кој правно се регулираат мерките за превенција од ковид во продавниците на мало, кој вчера го помина првиот филтер во собраниската Комисија за економски прашања.
Предложените измени, всушност, се мерките за продавниците, самопослугите, маркетите, пекарниците, дуќаните, кои беа воведени со Уредбата со законска сила за време на вонредната состојба, но со нејзиното престанување на важење на 9 јануари годинава, за да се обезбеди нивната примена без временски ограничувања, односно додека трае пандемијата, тие се внесуваат во Законот за трговија.