По повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, Заев го објави и списокот на донатори
Речиси 3,9 милиони евра донирале до денеска поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска, во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност.
„Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели“,
напиша Заев.
Во објавата на Заев на неговиот фејсбук-профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот.
