На повикот за субвенциониран студентски оброк се пријавија над 31 000 студенти. Одбиените, велат од МОН, може да поднесат електронски приговор
Речиси 29 000 студенти денеска на своите трансакциски сметки ги добија парите за субвенциониран студентски оброк.
Студентите добија по 6 480 денари, а сумата, како што соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) се однесува за половина од месец септември, како и за октомври и ноември.
Повикот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк траеше од 25 ноември до 3 декември, а се пријавиле над 31 000 студенти.
Оние кои не добиле пари за студентски оброк, велат од МОН, може да поднесат електронски приговор на subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.