Пазарните инспектори со асистенција од полицијата вечерва растурија свадба во хотел во Тетово.
Пред еден час, инспекторите влегле во хотелот и по увидот дека се прекршени рестриктивните мерки. Свадбарите се испратени дома, а управителот на објектот е приведен, изјави за „Слободен печат“ директорот на ДПИ Стојко Пауновски.
Поради непочитување на протоколите за забрана за големи собири и веселби, против управителот и гостите ќе следуваат соодветни казни.