Полицијата трага по напаѓачот кој денеска претпладне пукаше кон полицаецот во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта.
Останатите тројца напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани е вон животна опасност.
Полицаецот Е.М.(46) бил ранет со неговиот службен пиштол кој напаѓачот, што е во бегств,о му го одзел и пукал во него, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Инцидентот се случил додека полицаецот со колешка извршувале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица.
Повредениот полицаец бил префрлен во велешката Општа болница, каде му била укажана медицинска помош.
Докторот Тодор Јаковлевски соопшти дека имал четири прострелни рани во абдомен и една во колено. Бил свесен и вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје