Албанскиот премиер Еди Рама вели дека постои на мапа во врска со промената на границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Тој изјавил дека мапата ја видел и претходно и оти му ја покажал неговиот словенечки колега Јанез Јанша.
„Разговарав со него одамна. Го видов и овој документ што излезе. Немам коментар“,
додал Рама.
Рама е првиот политичар од регионот и воопшто кој признава дека вааков документ постои, а и самиот Јнша го негираше.
Вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не видел ниту карта ниту план за промена на границите на Балканот и дека не поддржува никави прекројувања, а претходно и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, го нарече документот, безвредна хартија со кој не е запознат.
Ниту нашите власти не знаат за таков документ, но министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека единствен начин за да се анулирааат вакви идеи е членство во НАТО и јасна ЕУ перспектива за регионот.
Словенечкиот портал „Нецензурирано“ ја објави содржината на документот кој нема потпис и напишан е на англиски јазик, а истиот го пренесоа многу други медиуми во Словенија, но без потврда од од Европскиот совет или Европската комисија.