Бугарскиот претседател го потпишал указот откако Николов денеска, во уставниот рок, ги претстави структурата и предложениот состав на кабинетот на „Има таков народ“
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, потпиша указ со кој му предлага на 46. Национално собрание да го избере за премиер кандидатот предложен од „Има таков народ“, Пламен Николов.
Кабинетот на Радев соопшти дека бугарскиот претседател го потпишал указот, a откако Николов денеска, во уставниот рок, ги претстави структурата и предложениот состав на кабинетот на партијата „Има таков народ“.
Владата што ќе биде предложена за гласање во парламентот ќе има двајца вицепремиери – Ради Најденов, за европски прашања (и министер за надворешни работи), и Петар Илиев – за безбедност и внатрешен ред (кој исто така ќе биде министер за внатрешни работи). Кандидатурата на Илиев беше критикувана од пратеници со кои се во тек разговори за поддршка.
„Знам од искуство колку е тешко да се формира кабинет. Да се привлечат чесни луѓе со јасни граѓански позиции, со потребна експертиза, искуство и визија за развој на соодветното министерство. Луѓе кои можат да се соберат во едно ефикасно тело. Се надевам дека успеавте во оваа тешка задача“,
рече Радев.
Ниту една партија во Народното собрание на Бугарија се уште не зазема категоричен став дека ќе ја поддржи владата на Пламен Николов. Само ГЕРБ изјавија претходно оваа недела дека одлучиле да гласаат против кабинетот на ИТН.