Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и ќе спроведат јасни параметри за мирно решение
Претседателот на Бугарија Румен Радев одби да го потпише целиот текст на декларацијата на деветте источноевропски земји поради член со кој се поддржува влезот на Украина во НАТО, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.
„Румен Радев не се согласува со целиот текст на декларацијата што ја усвоија некои источноевропски земји на тема членство на Украина во НАТО. Претседателот поддржува други позиции кои се наоѓаат во документот“,
се вели во соопштението јави вчера БТА.
Документот беше потпишан на 2 октомври од претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора, Словачка и Полска.
Тие во него наведуваат дека цврсто стојат зад одлуката донесена на самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина и ја повикаа Русија итно да се повлече од окупираните територии, нагласувајќи дека не ја признаваат легитимноста на припојувањето на териториите кон Руската Федерација.
„Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чии лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија“,
се наведува во заедничката изјава.
Иако Бугарија на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година потпиша декларација за идното членство на Украина, тоа се случуваше во сосема поинаква безбедносна ситуација.
Радев смета дека одлуката за членство на Украина во НАТО треба да биде донесена дури откако Русија и Украина како страни во конфликтот ќе елаборираат, прифатат и спроведат јасни параметри за мирно решение.
Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на минатата недела потпиша договори за пристап со лидерите на Донецката и Луганската Народна република и регионите Херсон и Запорожје. Истиот ден, украинскиот лидер Володимир Зеленски го објави барањето за членство на Украина за забрзано членство во НАТО.
„Де факто веќе докажавме компатибилност со стандардите на алијансата. Тие се реални за Украина – реални на бојното поле и во сите аспекти на нашата интеракција. Си веруваме еден на друг, си помагаме и се штитиме. Ова е сојуз“,
рече Зеленски.
Но, од Алијансата порачаа дека не е вистинскиот момент за тоа.
Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Твитер им се заблагодари на претседателите кои му дадоа поддршка на неговото барање за итен прием на Украина во НАТО.
Grateful to our neighbors – countries of Central & Eastern Europe for backing ??’s membership in @NATO & condemning RF’s attempt to annex ?? territories. @AlarKaris @valstsgriba @GitanasNauseda @SPendarovski @predsjednik_cg @AndrzejDuda @KlausIohannis @ZuzanaCaputova #MilošZeman
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 2, 2022