Претходно, на средба со новиот бугарски колега, премиерот на Грција изразил очекување дека наскоро ќе бидат свикани првите меѓувладини конференции на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија, оценувајќи дека придвижувањето на Западен Балкан кон ЕУ е во полза на сите
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Софија и Скопје, како и Препсанскиот договор меѓу Скопје и Атина да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ, побарал бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
За време на средбата во Софија, Радев и Мицотакис заземале заеднички дека европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори, се наведува во соопштение од кабинетот на бугарскиот претседател.
Друга тема за која разговарале Радев и Мицотакис е унапредувањето на билатералната енергетска, транспортна и економска поврзаност меѓу Бугарија и Грција. Двајцата го поздравиле обновувањето и понатамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваале како клучно не само за нивните билатерални односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.
Претходно, на средба со новиот бугарски премиер Кирил Петков, Мицотакис изразил очекување дека наскоро ќе бидат свикани првите меѓувладини конференции на Европската Унија со Северна Македонија и со Албанија. Тој додаде дека позицијата на Грција, во време на растечки тензии, е единствениот исправен пат, затоа што придвижувањето на Западен Балкан кон ЕУ е во полза на сите е.
„Најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија,
нагласи Мицотакис, потенцирајќи дека Грција, која „отсекогаш била лост за напредок на регионот очекува поддршка од Бугарија за оваа заедничка цел“.

Мицотакис, кој престојува во посета на Софија, нагласи дека Грција и Бугарија не се само соседи, туку и сојузници и партнери, кои го почитуваат меѓународното право и дека стратешкото партнерство меѓу нив е клучно за стабилноста на регионот.