На прес-конференцијата по шестчасовните разговори со Макрон во Кремљ, пак, Путин не зборуваше за вакви отстапки
Рускиот претседател Владимир Путин ветил дека засега нема да покренува нови воени иницијативи во близина на Украина, како вовед во деескалација, тврди анонимен француски функционер по разговорите на Путин со францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот функционер, кој сакал да остане анонимен, тврди дека Путин се согласил и војниците што ќе учествуваат во воените вежби на белоруска територија во близина на Украина да се вратат дома по нивното завршување.
Минатата недела западни медиуми јавија дека Русија планира да ги повлече своите војници по воените вежби меѓу 10 и 20 февруари.
На прес-конференцијата по шестчасовните разговори со Макрон во Кремљ, Путин не зборуваше за вакви отстапки.
Средбата помеѓу рускиот и францускиот претседател се случи вчера. Макрон е најважниот западен лидер кој се сретнал со Путин од последното зголемување на тензиите на украинско-руската граница.