Официјални лица испратени од Русија во Херсон, побараа од цивилите да го напуштат западниот дел на регионот, каде што украинските сили напредуваа во последните недели
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека цивилите во украинската област Херсон, чијашто анексија кон Русија Москва ја прогласи во септември, мора да бидат евакуирани од зоната на конфликтот, пренесе државната новинска агенција РИА, јавува Ројтерс.
„Сега, се разбира, оние кои живеат во Херсон треба да бидат отстранети од зоната на најопасната акција, бидејќи цивилното население не треба да страда“,
рече Путин на состанокот со провладините активисти.
Официјални лица испратени од Русија во Херсон, побараа од цивилите да го напуштат западниот дел на регионот, каде што украинските сили напредуваа во последните недели.
Во четвртокот, заменик-гувернерот на Херсон, назначен од Русија, Кирил Стремусов, објави неколку видеа во кои ги повикува цивилите да напуштат дел од покраината на западниот брег на реката Днепар.
Тој додаде дека руските сили најверојатно наскоро ќе ѝ го отстапат западниот брег на Днепар на Украина.