Претседателот на Русија побара од македонскиот претседател да им пренесе зборови на поддршка на семејствата и пријателите на жртвите
Рускиот претседател Владимир Путин му изразил сочувство на на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија , како што се наведува во соопштение објавено на сајтот на Кремљ.
Како што се посочува во информацијата, Путин му изрази длабоко сочувство на Пендаровски со во врска со смртта на граѓани на земјата, вклучително и деца и тинејџери, во сообраќајна несреќа во Бугарија.
„Претседателот на Русија побара да им пренесе зборови на искрено сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на жртвите и желби за брзо закрепнување на сите повредени“,
се наведува во соопштението на Кремљ.