Тој, исто така, рече дека сега нема потреба од масовни напади врз Украина откако руските сили ги нападнаа градовите низ целата земја. Нападите беа одговор на експлозијата што го оштети мостот што го поврзува анектираниот Крим со Русија. Москва ја обвинува Украина за експлозијата
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека делумната мобилизација во земјата ќе заврши за две недели, пренесува Скај њуз. Говорејќи на прес-конференција во главниот град на Казахстан, Астана, тој исто така рече дека нема планови за дополнителна воена мобилизација во Русија.
Во септември министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300 000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања, откако Путин нареди делумна мобилизација. Рускиот претседател на денешната прес-конференција рече дека наредил делумна мобилизација бидејќи „невозможно е да се одржи фронтот користејќи само војници со договор“. Путин рече дека ќе бидат повикани 222 000 резервисти.
Тој, исто така, рече дека „сега нема потреба од масовни напади врз Украина“, откако руските сили ги нападнаа градовите низ целата земја. Нападите беа одговор на експлозијата што го оштети мостот што го поврзува анектираниот Крим со Русија. Москва ја обвинува Украина за експлозијата.
Рускиот претседател рече дека она што се случува за време на војната е „непријатно“, но „го правиме она што е правилно“. Тој додаде дека „задачата не е да се уништи Украина“.
Путин во својот говор го спомена и претседателот на САД, Џо Бајден. Тој вели дека нема потреба тие двајца да разговараат и додаде дека се уште не одлучил дали ќе учествува на саемот Г20 во Бали, кој се одржува следниот месец.
На прашањето дали жали за постапките на Русија во Украина, тој рече „не“ и дека Русија нема цел да ја уништи Украина.