На состанокот во Казахстан, Путин му рекол на Ердоган дека центарот за снабдување на гас во Турција не само што ќе биде платформа за набавки, туку ќе биде насочен и кон одредување на цените на гасот, посочувајќи ова е многу важно прашање
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган му кажал оти Турција ја нуди најсигурната рута за испорака на гас до Европската Унија и му предложил земјата да се претвори во нов, како што рекол, центар за снабдување, пишува Ројтерс.

На состанокот во Казахстан, Путин му рекол на Ердоган дека центарот не само што ќе биде платформа за набавки, туку ќе биде насочен и кон одредување на цените на гасот, посочувајќи дека ова е многу важно прашање.
„Овој центар, што заедно би го создале, би бил платформа не само за снабдување, туку и за одредување цени, бидејќи прашањето на цените е многу важно. Денес цените вртоглаво растат и лесно би можеле да ги регулираме на нормално пазарно ниво“,
му рекол Путин на Ердоган.
Турскиот претседател не одговорил во телевизискиот дел од нивната средба, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција РИА кажа дека двајцата лидери наредиле брзо и детално испитување на идејата.
Предлогот на Путин додаѓа додека Русија сака да ја задржи својата енергетска поддршка од Европа, додека истовремено се обидува да ги пренасочи испораките од балтичките гасоводи „Северен тек“, кои не се во функција, а кои неодамна беа и оштетени. Одговорноста за оштетувањето на гасоводите се уште не е утврдена.
Русија испорачуваше околу 40 отсто од европскиот гас пред нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, но нагло ја намали испораката, обвинувајќи ги техничките проблеми за кои рече дека се резултат на западните санкции.
Европските лидери, пак, го отфрлија тоа објаснување, обвинувајќи ја Москва дека ја користи енергијата како геополитичко оружје.