Момчето се здобило со прострелна рана во ногата и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“
Дваесет и четиригодишник е повреден во пукотница што денеска се случила во близина на поликлиниката „Бит-пазар“ во Скопје. Момчето се здобило со прострелна рана во ногата и е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

„Денеска (07.02.2024) од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации, во П.П. пукал Р.Ш.“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.