Вкупно 240 места во бугарскиот парламент ќе ги поделат 7 партии, покажуваат првичните излезни анкети од агенциите „Галуп“ и „Тренд“, а врз основа на направените проекции, ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов ќе има најмногу пратеници.
Според проекциите на „Галуп“, досегашната најголема владејачка партија ќе има 67 места, а според „Тренд“ – 70.
За формирање мнозинство во парламентот, пак, потребни се 121 пратеник.
Како што објави „Нова.бг“, распоредот на сили според проекциите од „Галуп“ е следниот:
- 67 пратеници – ГЕРБ, предводена од актуелниот премиер Бојко Борисов
- 46 пратеници – „Има таков народ“, предводена од шоуменот Слави Трифунов
- 45 пратеници – БСП, предводена од Корнелија Нинова
- 28 пратеници – Демократска Бугарија, предводена од поранешниот министер за правда Христо Иванов
- 27 пратеници – Движење за права и слободи (МРФ)
- 14 пратеници – “Исправи се”, предводена од поранешната народна правобранителка Маја Манолова
- 13 пратеници – ВМРО-БНД на досегашниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов
Според резултатите од „Тренд“, првичните проекции се следни:
- 70 пратеници – ГЕРБ
- 46 пратеници – БСП
- 45 пратеници – Има таков народ
- 28 пратеници – МРФ
- 26 пратеници – Демократска Бугарија
- 13 пратеници – ВМРО-БНД
- 12 пратеници – Исправи се, и кажи