Педесет и девет годишен маж е првата жртва од коронавирусот во Србија, информираше на прес-конференција српската премиерка Ана Брнабиќ.
Пациентот боледувал и од други болести, а во критична состојба е и неговиот син.
„Коронавирусот секако не беше единствената болест со која се бореше пациентот. Тој бил заразен од неговиот син кој бил во Милано и кој во моментов се бори за живот“,
изјави Брнабиќ.
Таа апелираше граѓаните строго да се придржуваат до мерките за самоизолација, бидејќи како што рече тоа е единствената шанса за превенција од ширењето на коронавирусот.
Брнабиќ најави дека утре ќе бидат активирани рестриктивните владини мерки со кои се прекинува јавниот превоз и се затвораат рестрораните, кафулињата и обложувалниците.
Србија во меѓувреме очекува помош и донации на заштитна опрема од Кина.
Бројот на заразени пак, достигна до 135 лица, а само денеска биле регистрирани 17 нови случаи.