Пробиштип влезе на листата градови каде што има заразен со коронавирус. Еден од новите 46 случаи е регистриран во овој град, покажува дневниот билтен на Министерството за здравство.
Останатите новопотврдени случаи од денеска се во градовите: Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8 и Кочани – 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, тие се регистрирани во:
Скопје – 273
Куманово – 143
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 46
Тетово – 30
Струга – 30
Велес – 18
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, „Авицена“ –19, „Биотек“ – 24 и „Фипил Втори“ (Жан Митрев) – 96.
Досега во земјата вкупно се направени 6 571 тестирања за коронавирус.