Заклучно со 9 јули, американскиот претседател Доналд Трамп кажал повеќе од 20 000 лаги или изјави што не соодветствуваат со реалноста, или во просек 23 лаги на ден за повеќе од 14 месеци.
Ова го покажува базата на податои за проверка на факти на „Вашингтон пост“, весник кој повеќепати беше обвинет од Трамп за ширење лажни вести.
Овој период се совпаѓа со процесот на импичмент, пандемијата на коронавирусот што ја уништи економијата и протестите по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
За само неколку месеци, за време на пандемијата, Трамп излажал речиси 1 000 пати, додека тој дал речиси 1 200 лажни изјави во врска со настаните околу процесот на импичмент.
Од весникот признаваат дека претпоставката дека до крајот на првиот мандат Трамп ќе излаже повеќе од 20 000 пати се чинела неверојатна, на стартот на проектот во првите 100 дена од функцијата.
На почетокот, во просек, Трамп давал помалку од пет лажни изјави на ден, што би значело околу 7 000 за целиот мандат. Но, до 9 јули, шефот на САД кажал 20 055 лаги за 1 267 дена.
Најповторуваната лага е за економијата
Базата за проверка на факјти утврдила дека најповторувана лага на Трамп која била кажана 360 пати, е дека „денес американската економија е најдобра во историјата“. Тој започна да се фали за тоа во јуни 2018 година и брзо стана една од неговите омилени фрази.
„Вашингтон пост“ забележува дека пред пандемијата со коронавирусот, американската економија не се справи добро како во времето на претседателите Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Бил Клинтон и други.
Од почетокот на пандемијата, Трамп дури 100 пати з американската економијата говорел како за „најдобрата економија“.
Втората најповторувана лага на Трамп – 216 пати – е дека неговиот ѕид кон Мексико е изграден.
Американскиот лидер досега 210 пати кажал дека ги направи најголемите намалувања на даноците во историјата на САД – поголеми од оние на Роналд Реган во 1981 година, што според анализата не е вистина. Во владеењето на Реган, даночните отстапувања учествуваа со 2,9 отсто од БДП на земјата, а за време на Трамп 0,9 отсто од БДП.