На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните сметаат дека владејачкото мнозинство не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот
Владата не може да се надева на поддршка меѓу електоратот ако тргне во процес на уставни измени со кои Бугарите би влегле во Уставот, покрај другите заедници во земјава. Така барем покажуваат бројките во истражувањето на јавното мислење нарачано од емисијата „Детектор“, а спроведено од Институтот за политички истражувања на репрезентативен примерок.
На прашањето „Дали новата влада треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот според сегашните услови или не треба да прифати дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија“, испитаниците одговориле:
- 64% – НЕ
- 24% – ДА
Другите дале друг одговор.

Според етничката структура, пак, очигледни се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.
Кај Македонците:
- 82% одговориле НЕ
- 12,9% одговориле ДА
Другите дале друг одговор.
Кај Албанците:
- 56,3% одговориле ДА
- 11,3% одговориле НЕ
Другите дали друг одговор. Споредено со Македонците, кај Албанците има далеку повисок процент на неодредени одговори.
