Хидроцентрали на Жировничка река не смее да има, порачаа заеднички мештаните на Жировница и еко-невладината “Фронт 21/42”. Плановите за хидроцентралите се правени без никаква консултација со месното население и без стручни елаборати, велат од месната заедница.
360stepeni.mk 360stepeni.mk
„Овие одлуки се донесени канцелариски, а не по теренска работа. Мерењата на моќноста на водата на кои се базира одлуката да се градат вакви централи, датираат од пред неколку децении. Згора на се’, овие хидроцентрали ќе го загрозат единствениот извор на вода за пиење на мештаните”,
велат челниците на месната заедница.
Од “Фронт 21/42” велат дека овие три хидроцентрали кои се планираат да се изградат се само дел од големата проблематична слика.
360stepeni.mk
„Во Националниот парк Маврово се планирани 20 хидропроекти, од кои 3 на Жировничка река. Под притисок на јавноста едната е откажана, но останува заканата од другите две. Освен што се планирани во заштитен појас, нема никакви гаранции дека населението и понатаму непречено ќе се снабдува со вода”,
велат тие.
Во Жировница симболично беше поставен и банер со порака дека хидроцентралите не се добредојдени.