Местото каде што е пронајдено телото на починатиот планинар било на надморска висина од околу 2 000 метри. Според првичните сознанија, станува збор за повозрасно лице од Скопје со иницијали А.С.
Безживотно тело на планинар е најдено кај месноста Ловечка Куќа на планината Пелистер, информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК) по добиено известување од Секторот за внатрешни работи Битола.

Според првичните сознанија, станува збор за повозрасно лице од Скопје со иницијали А.С.
Центарот за управување со кризи, како што соопштија оттаму, веднаш ја известил Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола која има тим за интервенции во планински услови за да може телото на починатото лице да биде транспортирано до првото место место до кое може да дојде возило на Итната медицинска помош и да го преземе телото.
„За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во СВР Битола и ДЗС Битола“,
се додава во соопштението.
Во меѓувреме, како што информираат оттаму, екипа на Министерството за внатрешни работи треба да изврши увид.
Инаку, според информациите, местото каде што е пронајдено телото на починатиот планинар било на надморска висина од околу 2 000 метри.