За случајот бил известен јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од охридската полиција
Екипи од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчеравечер го привеле 53-годишниот охриѓанец З. Р., откако при претрес во неговиот угостителски објект и дом пронашле бела и кафеава прашкаста материја.
„По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја“,
соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Охрид.
За случајот, како што додаваат оттаму, бил известен јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.