Попладне и во текот на вечерта ќе има локален дожд, а на планините повремен снег
Променливо облачно со сончеви периоди – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Попладне и во текот на вечерта ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен северозападен ветер кој во источните делови од земјата и вдолж Повардарието ќе биде засилен.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 5 до 18 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурите во Скопје ќе се движат во интервал од -1 до 18 степени.