Maксималните температури ќе се искачат од 12 до 19 степени
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и во југозападните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Според УХМР, минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 19 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 19 степени.
УХМР информира дека од денеска, под влијание на влажни воздушни маси од југ, претстои период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.