Ќе дува умерен до засилен северен ветер на места со брзина над 60 километри на час
Денеска нè очекува променливо облачно и студено време со повремен локален дожд.
На планините во северните и јужните делови од земјата повремено ќе паѓа снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер на места со брзина над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од -1 до 9 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 3 до максимални 8 степени.
За утре и задутре УХМР најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди.