Вчерашната Меѓународниот параолимписки комитет соопшти дека спортистите од овие две земји ќе може да настапат на Параолимписките игри кои почнуваат в сабота, но само под параолимпиското знаме
На спортистите од Русија и Белорусија нема да им биде дозволено да се натпреваруваат на Зимските параолимписки игри 2022 година во Пекинг, соопшти утрово Меѓународниот параолимписки комитет.
Со ова тој ја смени вчерашната одлука кога соопшти дека спортистите од овие две земји ќе може да настапат на Параолимписките игри кои почнуваат в сабота, но само под параолимпиското знаме.
Се очекува Меѓународниот параолимписки комитет во текот на денот да ја образложи оваа своја нова одлука.