Во соопштението на Меѓународниот параолимписки комитет се вели дека спортистите – кои веќе пристигнале во Кина – ќе се натпреваруваат под параолимпиското знаме и нема да бидат вклучени во табелата за медали
Параолимписките спортисти од Русија и Белорусија ќе може да се натпреваруваат на претстојните Зимски параолимписки игри во Пекинг 2022 година, но само како неутрални, односно не под знамето на својата земја.
Во соопштението на Меѓународниот параолимписки комитет се вели дека спортистите – кои веќе пристигнале во Кина – ќе се натпреваруваат под параолимпиското знаме и нема да бидат вклучени во табелата за медали.
МПК соопшти дека ги презеле „најсилните можни акции“ во рамки на мерките што им се достапни.
Параолимпијадата започнува в петок, а натпреварите почнуваат во сабота.
Дваесет украински спортисти се на пат кон игрите, но се смета дека тие можеби ќе изберат да се повлечат наместо да се натпреваруваат заедно со руските и белоруските спортисти.