И покрај високите цени на нафтата и нестабилното снабдување со енергија кое се влоши со руската инвазија врз Украина, земјите членки на ОПЕК Плус, денеска одлучија да го зголемат производството во септември со многу побавно темпо отколку во претходните месеци односно на само 100.000 барели дневно.
Од таму соопштија дека следниот месец ќе го зголеми производството на 100.000 барели дневно, откако ќе го зголеми производството за 648.000 барели дневно во јули и август. Групата разгледа какви ефекти може да има инфлацијата и зголемениот број луѓе заразени со коронавирусот врз глобалната побарувачка за гориво наесен, додека цените на бензините на пумпите остануваат високи.ОПЕК, предводена од Саудиска Арабија и нејзините сојузници, предводени од Русија, го намалија производството до септември поради пандемијата, бидејќи цените на нафтата и побарувачката паднаа.
Инаку денеска на светските берзи цената на нафтата повторно се зголеми, па така истата повторно се искачи над 100 долари за барел.