Ректорот на Универзитетот во Софија ќе ја добие поддршката од ГЕРБ на Борисов
Професорот Анастас Герџиков ќе биде предложен за претседател од страна на иницијативен комитет. Тој е актуелен ректор на Универзитетот во Софија и ќе ја добие поддршка на ГЕРБ, потврдија од партијата за бугарски „Труд“.
На 14 ноември во Бугарија ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори.
Годинава во Бугарија треба да се одржат редовните претседателски избори, но откако ниту една партија не успеа да формира влада по изборите во јули, актуелниот претседател Румен Радев ги закажа во ист ден и парламентарните избори.
фото:Trud.bg