Мандатот на ректорот, како што посочува Универзитетската изборна комисија, трае три години и започнува на 16 септември 2026 година, а завршува на 15 септември 2029 година
Според објавените резултати, Ангелова освоила 2924,125 поени, додека нејзиниот противкандидат Дарко Данев добил 2675,875 поени. Тоа значи дека со разлика од околу 300 поени Ангелова победи од вкупниот број гласови од сите 28 единици на УКИМ
Освоените резултати на двајцата кандидати покажуваат дека Данев освоил повеќе гласови од Ангелова на техничките факултети, како на Медицинскиот, Правниот и Економскиот факултет, додека Ангелова ја обезбеди поддршката од институтите, но и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), од Земјоделскиот факултет, како и од Архитектонскиот, Стоматолошкиот и Технолошко-металуршкиот факултет
Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), одлучи денеска Универзитетската изборна комисија по спроведеното тајно гласање на единиците во состав на Универзитетот.

Наставно-научниот кадар на факултетите и институтите во состав на УКИМ денеска, во периодот од 12 до 14 часот, со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за ректор – актуелната ректорка Биљана Ангелова и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Според одлуката на Универзитетската изборна комисија, Ангелова е избрана за ректор на УКИМ во мандатниот период од 16 септември 2026 до 15 септември 2029 година.
„Според доставените резултати од страна на изборните комисии, од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во состав на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје, за ректор на Универзитетот во мандатниот период од 16 септември 2026 година до 15 септември 2029 година е избрана проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје“,
се наведува во одлуката на Комисијата.

Незадоволните кандидати може да поднесат приговор согласно член 182 од Статутот на УКИМ до Универзитетската изборна комисија во електронска форма на е-адресата: [email protected] и во архивата на Универзитетот во рок од три работни дена, заклучно со 4.5.2026 година.
Мандатот на ректорот, како што посочува Универзитетската изборна комисија, трае три години и започнува на 16 септември 2026 година, а завршува на 15 септември 2029 година.
Со разлика од околу 300 поени Ангелова издвои победа над Данев
Според објавените резултати, за ректорската функција Ангелова освоила 2924,125 поени, додека нејзиниот противкандидат Дарко Данев освоил 2675,875 поени. Тоа значи дека со разлика од околу 300 поени Ангелова победи од вкупниот број гласови од сите 28 единици на УКИМ.
Освоените резултати на двајцата кандидати покажуваат дека Данев освоил повеќе гласови од Ангелова на техничките факултети, како на Медицинскиот, Правниот и Економскиот факултет, додека Ангелова ја обезбеди поддршката од институтите, но и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Земјоделскиот факултет, како и од Архитектонскиот, Стоматолошкиот и Технолошко-металуршкиот факултет.


Гласањето се спроведе на 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ, а според извештаите на изборните комисии, процесот поминал без неправилности и проблеми.
Во записникот се наведува дека според избирачките списоци на единиците биле запишани вкупно 1 434 гласачи, од кои правото на глас го искористиле 1 286 члена на наставно-научните, научните и уметничките совети.
По завршувањето на гласањето, 148 гласачки ливчиња останале неискористени, а 59 биле неважечки.
Од Универзитетската изборна комисија информираат дека гласањето во целост било спроведено согласно Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор.
Актуелната ректорка Ангелова функцијата ја презеде во септември 2023 година од нејзиниот претходник, проф. д-р Никола Јанкуловски и во изминатиот период работеше на дигитализација на студентските услуги, како и на интернационализација и модернизација на наставните програми, со цел зголемување на видливоста на УКИМ на меѓународната академска сцена.
