Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска информираше дека ОВР Кичево поднело кривична пријава против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој, инаку професор во основно училиште. Основа за пријавата до Јавното обвинителство е сомнение за сторено казнено дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Тој, во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот, им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација“
се вели во соопштението на СВР Охрид.