Концепцијата за основно образование ги изненади сите и не ги консултираше клучните институции и професионалци, туку само одредени таргет групи и одредени професионалци, велат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ
Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ вели дека импровизацијата со Концепцијата за основно образование продолжува и дека наставниците се соочуваат со хаос.
Преку соопштение тие потсетуваат дека Концепцијата за основно образование ги изненади сите и не ги консултираше клучните институции и професионалци, туку само одредени таргет групи и одредени професионалци.
„Но, се беше навреме разоткриено и беше адекватно реагирано. Тогаш беше и укинат предметот Историја и беше заменет со предметот Општество, за под притисок на јавноста подоцна да го добие името Историја и општеството кое случајно е многу слично со бугарскиот предмет Историја и цивилизации. Сѐ случајност до случајност или како што љуби еден од творците на Концепцијата да каже ,,сѐ е импровизација”. И точно во нашиот образовен систем има многу импровизации кои се создадоа со појавата на некои ликови во образованието, а кулминираа со донесувањето на Концепцијата за основно образование без пред тоа Секторот за истражување во образованието од БРО да направи соодветно истражување. И тука се враќаме повторно на импровизацијата“,
се нагласува во соопштението.
Од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека кога ќе се подзаборават работите од импровизацијата со Концепцијата, разните прирачници, упатства, материјали за учење и откако скапо ќе се наплатат, истите стручњаци кои ја правеле концепцијата ќе направат нови импровизации, нова Концепција.
„Секако и новите скапо ќе ги наплатат, но овие ќе бидат повеќе ,,по мерка на детето” од претходните. И сѐ така до недоглед. Затоа и нема учебници туку материјали за учење, а од материјалите за учење некој од раководство на БРО може да се офајди“,
се додава во соопштението.
Исто така, од Комисијата велат дека во дел од наставните содржини во 5 одделение има содржини кои наставниците од одделенска настава не се обучени да ги предаваат и истите досега ги предавал предметен наставник по Историја. За жал, додаваат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ потрошените средства нема да се вратат, но вистински реформи ќе има, ама и одговорност ќе има.