Според УЈП, при споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот, односно деновите 31 јануари и 7 февруари треба да се имаат в предвид различните фактори што можат да влијаат на потрошувачките навики. Како еден од факторите, како што велат од Управата, е тоа што дел од граѓаните примаат плата и пензии на почетокот од месецот, што создава промени во нивното потрошувачко однесување
Изминатите два дена кај осумте поголеми синџири на маркети во земјава е забележан пад на вкупниот промет за 22,12 отсто, информира Управата за јавни приходи (УЈП), анализирајќи го нивниот вкупен промет и издадените фискални сметки, откако граѓаните преку социјалните мрежи повикуваа и во текот на вчерашниот ден да се избегнува пазарувањето поради високите цени на прехранбените производи.

„На 6 јануари (четврток) до полноќ во GPRS-системот е регистриран вкупен промет во износ од 232 781 773 денари, а издадени се 417 866 фискални сметки. На 7 февруари (петок) регистриран е вкупен промет од 181 288 348 денари, а издадени се 346 317 фискални сметки“,
се вели во соопштението од УЈП.
Со тоа, како што велат од Управата, е забележан пад на вкупниот промет за 22,12 отсто.
Правејќи споредба со претходниот и овој петок како граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите, од УЈП велат дека на 31 јануари е регистиран вкупен промет во износ на 114 293 367 денари.
„На 7 февруари е остварен за 36,95 отсто поголем промет во однос на претходниот петок на 31 јануари“,
велат од УЈП.
Оттаму додаваат дека при споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот, одноно деновите 31 јануари и 7 февруари треба да се имаат в предвид различните фактори што можат да влијаат на потрошувачките навики. Како еден од факторите, според УЈП, е тоа што дел од граѓаните примаат плата и пензии на почетокот од месецот, што создава промени во нивното потрошувачко однесување.
Најавата за бојкот наиде на оправдување кај целата јавност, а поддршка доби од политичките партии и од власта и од опозицијата.
Според податоците што ги објави Управата за јавни приходи (УЈП), вкупниот промет во осумте поголеми трговски синџири во земјава минатиот петок бил намален за 46,59 отсто во споредба со претходниот, а за 46,29 проценти во однос на четвртокот.
