Скопска Апелација на веб-страница ја објави пресудата со која што ја потврди првостепената пресуда во мегаекспонираниот случај „Рекет“.
На 17 од 27 страници, колку што има пресудата, петтемина судии образложиле зошто сметаат дека Катица Јанева и Бојан Јовановски се виновни за кривичните дела кои се ставени на товар и со кои беа осуден на седум, односно девет години затвор, пишува „Призма“.
За судиите постапката е законита, а фактите правилно биле оценети и поединечно и во целина.
Судејќи според образложението, пресудни за потврдувањето на пресудата биле сведочењата на брачната двојка Камчеви, на обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, на референтката што ги вадела парите од сметките на фирмите на Камчеви, а од доказите судот верба им поклонил на снимките кои Камчев ги направил во неговиот дом, како и фотографиите и пораките од мобилниот телефон на Јовановски.
Неспорно за судот е, пишува „Призма“, дека во торбата Луј витон околу која се вртеа многу контроверзии и која осудениот Зоран Милевски Кичеец ја изнесува од домот на Камчев имало евра, а Јанева, ја ургирала за полесна позиција на Камчев.
Целиот текст на „Призма“ прочитајте го ТУКА.