Пратениците пред избор на кандидати во Советот на јавни обвинители
Двајца нови членови на Советот на обвинители добија зелено светло од собраниските комисии и останува пратениците да го потврдат нивниот избор.
Комисиските филтри ги поминаа струшкиот адвокат, Ардијан Демири, и истражителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ведат Салихи, пишува „Призма“.
50-годишниот Демири во биографијата напишал дека ги завршил студиите на Правниот факултет во 2004 година. Работел како преведувач, соработник и советник за правни прашања во Општина Струга. Положил правосуден испит и станал адвокат.
Демири во биографијата ги издвоил телевизиските настапи во дебати, каде бил соговорник за теми од правосдуството. Бил и граѓански активист.
Идејата зошто се пријавил на огласот е поради неговата „желба и надеж за подобра и поефикасна јавнообвинителска служба“.
Целиот текст прочитајте го тука.