Таа е на фирма на семејството Кастиљо, кое ја стекнало сопственоста врз овој објект и сите топловодни уреди во него, пумпи, агрегати и друго, кои се дел од топлификациската мрежа, во 2022 година, на лицитација по стечајната постапка на АД „Топлификација“
Затскриена зад гранките на околните дрвја, старата топлана во населбата Водно одвај се забележува од улицата. Затоа, пак, мошне видливи се знаците за забранет пристап до објектот, поставени на оградата, испишани на англиски јазик (private property, keep out). Има и табличка од агенција за обезбедување.
Токму поради забранетиот пристап до објектот, голем дел од населбата нема парно греење. Радијаторите останаа студени во многу домови и во други објекти, меѓу кои и во основното училиште „Кочо Рацин“. Екипите на ЕСМ не можат да влезат и да направат подготовки за новата грејна сезона бидејќи сопственикот на топланата не им го дозволува тоа, пишува „Призма“.
Таа е на фирма на семејството Кастиљо, кое ја стекнало сопственоста врз овој објект и сите топловодни уреди во него, пумпи, агрегати и друго, кои се дел од топлификациската мрежа, во 2022 година, на лицитација по стечајната постапка на АД „Топлификација“. Парцелата ја купила фирмата „Актрус Вентурес дооел“, формирана во 2020 година за производство на моторни возила. Нејзин основач е Алан Кастиљо, син на бизнисменот Ангел Кастиљо. На оградата пред топланата беше закачен телефонскиот број на Ангел Кастиљо, кој одговори на повикот од БИРН.
Во телефонскиот разговор, тој рече дека решил да не ги пушта екипите на ЕСМ таму затоа што „тоа е мое, приватен имот“. Тој додаде дека навреме ги информирал ЕСМ „да дојде и да си ги среди работите“, односно да плати наем за користење на сега веќе неговиот приватен објект, слично како што телефонските оператори А1 и Телеком му плаќале за поставените станици.
Целиот текст прочитајте го тука.