Инспектор добил одговор за 6 дена, Обвинителството чека 4 месеци

Кога полициски инспектор го испитувал случајот со лажните сертификати за англиски јазик на двете директорки, доказот дека се работи за фалсификати го добил директно од американската компанија ЕТС, која ги издава сертификатите ТОЕФЛ.
БИРН открива дека станува збор за доказ што полицијата го добила за само шест дена.
Сега, во случајот со сертификатот на актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, истрагата четврти месец ја води Обвинителството.
Но, наместо преку САД да се обратат до ЕТС и бргу да добијат одговор, одат по заобиколен пат и бараат помош од Бугарија, каде што тој тврди дека го полагал испитот.
Направивме увид во судските списи во предметот, во кој две директорки Т.К. и С.К. беа осудени дека со фалсификуван сертификат по англиски јазик, ТОЕФЛ, биле избрани на функциите.
Во розовата папка, меѓу неколкуте докази, се наоѓа и порака што полицискиот инспектор С.В. ја пратил на три имејл-адреси на компанијата ЕТС, која ги издава ТОЕФЛ сертификатите, на 21 ноември 2023 година.
Целиот извештај на „Призма“ може да го прочитате тука.