БИРН открива случаи на бесправно користење државен имот
Jа викаат „парламентарка“ или функционерска зграда.
Дванаесеткатницата во центарот на Скопје се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица на улицата што го носи името на писателот на „Крпен живот“, Стале Попов.
Зградата го доби епитетот поради тоа што во неа за симболични цени се издаваат службени станови, кои ги користат уште 33 функционери.
Објектот е меѓу првите висококатници во тој реон, изграден во 2000 година. Тогаш немаше други „бетонски“ соседи околу неа. Денес е поинаку. Околу се гради насекаде.
За речиси 24 години „центарски живот“, крие многу приказни, пишува порталот „Призма“.
Во неа, за локалните избори во 2013 беа регистрирани гласачи од албански Пустец и од внатрешноста на Македонија.
Сведочењето пред судот на инженерот во МВР, Звонко Костовски, во предметот „Таргет-Тврдина“, откри и дека во некој од становите токму во таа зграда биле репродуцирани и вадени транскрипти од прислушувањето.
Медиумите за таа зграда пишуваа дека била привремен дом на високи функционери, како, на пример, на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.
Во деловниот дел на зградата до декември 2023 година беше и седиштето на Демократскиот сојуз, партијата што ја напушти владејачката коалиција.
„Нѐ иселија“,
ни рече претседателот на партијата, Павле Трајанов, откако од Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор им побарале да се иселат по 16 години.
Едно друго сродно акционерско друштво, она за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП), или популарното ПУИК, пак, во истата зграда ги издава службените станови на функционерите.
Но, некои од „службените“ кираџии, иако им завршува мандатот, не ги враќаат клучевите од становите, покажува истражувањето на БИРН. И тоа е така со години.
Целиот текст прочитајте го тука.