Ова е заклучокот до кој дојде БИРН, анализирајќи ги десетината пресуди, кои се јавно објавени, а кои се поврзани со нерегуларности во работата на македонските кабареа. Дел од овие пресуди се донесени од основните судови и за тие случаи не се достапни евентуалните одлуки на повисоките судски инстанци, кои може да бидат поблаги или построги
Менаџери на кабареа и инспектори поминувале со условни затворски и мали парични казни, иако се соочувале со обвинувања дека фалсификувале или ги немале потребните лиценци или како службеници не презеле ништо за да се казнат ноќните клубови и неодговорните сопственици.

Ова е заклучокот до кој дојде БИРН, анализирајќи ги десетината пресуди, кои се јавно објавени, а кои се поврзани со нерегуларности во работата на македонските кабареа. Дел од овие пресуди се донесени од основните судови и за тие случаи не се достапни евентуалните одлуки на повисоките судски инстанци, кои може да бидат поблаги или построги.
По трагедијата во кочанскиот клуб „Пулс“, која однесе 59 млади животи, инспекторите сега излегоа со помасовна акција. Досега детектираа дека повеќето од половина што имале лиценци, не ги исполнуваат условите.
Целата сторија на „Призма“ прочијате ја на следниот линк.