Полицијата приведе две лица од Скопје, бидејќи криумчареле шест лица. Како што информира Министерството за внатрешни работи, во близина на клучката кај село Прдејци, на место викано „Борови“ еден час по полноќ полицијата во возило со скопски регистарски ознаки пронашла шест лица мигранти, пет од Сомалија и едно од Сирија.
„На 23 јануари 2021 година во 01.00 часот, во близина на клучката кај с.Прдејци, на место викано „Борови“, полициски службеници запреле патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Скопје, а совозач бил А.И.(33) од Скопје. При пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М.(16), M.A.(16), A.Х.(16), Р.М.(15), Х.И.(14), сите од Сомалија и A.K.A.(17) од Сирија“,
појаснуваат во денешното соопштение од МВР.
Лицата С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите, соопштуваат од МВР, ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.