Полицијата од СВР Тетово во период од 23 до 3 часот утрово, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лиши од слобода вкупно седум лица кои поседувале дрога, информира Министерството за внатрешни работи.
При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, „Фолксваген голф“ и „Туран“ со тетовски регистерски ознаки и „БМВ“ со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин, марихуана и дробилка.
„Лишени од слобода се Е Т. (22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С., Б.Ф. (22), Е.К. (22), Т.Ш. (29) од Тетово, А.К. (26) од тетовско Камењане и Ј.С. (18) од Австрија. Седумте лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“,
велат од МВР.
Осомничените ќе одговараат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.