Од 61 лице, кои синоќа се приведени во Скопје, 60 биле малолетници кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, соопшти МВР. Едно лице е приведено поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.
Акцијата на СВР Скопје е една од контролите што вчера ги спровела полицијата. Во периодот од полноќ до 4 часот наутро, сите сектори за внатрешни работи спровеле акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во вкупно 267 угостителски објекти на 26 локации.
Во Тетово едно лице е приведено откако полицијата му нашла кеса со бела прашеста материја.
„Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово е откриено едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена кеса со бела прашеста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.
На подрачјето на СВР Скопје се приведени 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл. 383 од Кривичниот законик.
соопшти МВР.
За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност на подрачјето на СВР Струмица, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите на подрачјето на СВР Скопје, за кои се издадени соодветни платни налози“,