Дваесет и осумгодишната М.Н. од Дебар е приведена под сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете, информираше портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Според полицискиот записник, вчера околу 15:30 часот на улицата „Климетица“ во Струга, таа физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да пита.
„Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи, малолетникот e пренесен во Општата болница во Струга каде што му e укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што e пренесен и сместен во Јавната установа ‘Мајчин дом за доенчиња и мали деца’ во Скопје“,
информира портпаролот Димоски.
По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.