Кај 56-годишен жител на Кочани вчеравечер полицијата пронашла над 600 парчиња различни пиротехнички средства, соопшти денеска МВР.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во пресрет на новогодишните празници, полицијата ги засили контролите на пазарите и кај продавачите на пиротехнички средства, при што само вчера при контрола на Бит-пазар во Скопје се пронајдени и одземени над 1 000 парчиња пиротехника.