Полициски службеници во 13:50 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово го привеле 44-годишниот Р.М., поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „измама“. Против него е поднесена и кривична пријава во тетовското обвинителство бидејќи полицијата го сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со вкупна имотна корист од 2.210 евра.
„На оштетените телефонски или преку пораки им се јавувал дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци,“
соопшти МВР.
Р.М. и претходно бил кривично пријавуван и на идентичен начин досега вкупно измамил четириесетина лица од нашата земја и од Косово, Србија и Албанија. Тој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.