Приведен е скопјанец за кој полицијата трагаше за извршување на четири кражби во периодот од март до август годинава.
„Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, Скопско“,
информира полицијата.
Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела и тоа две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин.