При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, марихуана и куршуми за пиштол, велат од МВР
Полицијата приведе 58-годишен жител на гостиварското село Равен откако кај него биле пронајдени дрога и муниција. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, марихуана и куршуми за пиштол.
„Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Д.С.(58) од с. Равен, Гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,
велат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
