Полицијата синоќа привела сопственик на угостителски објект во Тетово, кој работел по дозволеното време.
Како што соопшти МВР, контролата била направена во 20 часот, а во објектот во тоа време имало 12 гости. Сопственикот А.Ш. (24) од Тетово е лишен од слобода, а објектот е времено затворен.
Инспектори од СВР-Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш., а во врска со чл.206 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.
