Откако полицијата ја продолжила контролата врз автобусот утврдила дека возачот користи тахографска картичка, која не е во негова сопственост, за што е предвидена глоба во износ од 7 500 евра
Возач на автобус од Тетово денеска е приведен поради нудење поткуп на полициски службеник, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека на наплатната рампа Романовце во правец кон Скопје, од страна на полициски служеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции е запрен автобус со тетовски регистарски таблици, сопственост на правно лице од Тетово, управуван од А. С. од Скопје.
„За време на вршењето на контролата и прегледот врз автобусот, А.С. на полицискиот служеник му понудил пари со цел да не го продолжи прегледот и контролата, по што А.С. на полицискиот служеник му понудил пари со цел да не продолжи прегледот и контролата. А.С. веднаш е лишен од слобода поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 358 од КЗ и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
информираат од МВР.
Откако полицијата ја продолжила контролата врз автобусот, утврдила дека возачот користи тахографска картичка, која не е во негова сопственост, за што е предвидена глоба во износ од 7 500 евра.